(ВИДЕО) Манчевски: Предлог буџетот од Трајановски е нехуман, потребна е итна промена на власта

Од:

„Ова е убедливо нај катастрофалниот предлог буџет на градот во мандатите на Коце Трајановски. На 6-ти август оваа година, 23 наши сограѓани ги загубија животите во катастрофалните поплави. Во предлог буџетот за 2017 година, Коце Трајановски нема предвидено ништо за дополнителна заштита на Скопје од поплави и други природни катастрофи.

Скопје секоја година се гуши во ектремно загадување. И повторно, како и секоја година до сега, Коце Трајновски нема предвидено дополнителни средства за мерки за намалување на загаденоста на воздухот.

И повторно, како и секоја година до сега, Коце Трајановски слепо ги извршува наредбите на вистинскиот градоначалник на Скопје, Никола Груевски. И оваа година во буџетот се предвидени 5,7 милиони евра за барокни фасади, нови 2,6 милиони евра за луксузна Градска куќа, 500 илјади евра за партерно уредување на седиштето на ДПМНЕ. Дури, Коце Трајановски повторно предвидува да потроши 200 илјади евра за нов карусел, покрај постоечкиот.

Овој предлог буџет, после се што му се случи на Скопје, не само што е катастрофален, туку е и нехуман. На Скопје, како и на Македонија му се потребни итни промени. Мора да дојде до смена на власта, затоа што ниту Скопје, ниту Македонија повеќе не може да преживее со оваа власт. Станаа опасни поо здравјето и животот на граѓаните.

Доколку навистина веруваше во поддршката на скопјани за неговите политики, Коце Трајановски до сега ќе си поднесеше оставка и на 11-ти декември ќе одевме на предвремени избори за градоначалник на Скопје. Но, тоа не го направи. И самиот е свесен дека скопјани масовно ќе се определат за животот во Македонија“, изјави Дамјан Манчевски, потпретсдател на СДСМ и координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел