(ВИДЕО) Манчевски: Прашање е на денови кога ќе се сруши оваа власт

Од:

Овде сме бидејќи водиме војна со оваа власт за правда и слобода, за подобар живот, порача вечерва Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ, во антвладниот камп.

-Тоа што го кажуваме на разговорите во Брисел, го кажуваме и овде на отворена сцена пред својот народ. Тоа е едно, бараме оставка од целата влада, оставка од јавниот обвинител Марко Зврлевски, оставка од Јован Илиевски, оставки од сите поради кои немаме демократија и слобода, бараме попис, средување на избирачкиот список и спроведување на избирачкото законодавство, истакна Манчевски.

Тој рече дека не може и нема да има отстапки за овие барања кои ги обединија граѓаните на Македонија.

– Прашање е на денови кога ќе се сруши оваа власт. Се наоѓаме во ситуација како во 1991 година кога излегувавме од еднопартискиот систем и влегувавме во повеќепартиски систем – треба да направиме нова држава, праведна, во која ќе има пари за патишта, а не за барокни згради. Македонија на граѓаните и за граѓаните , рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски