(ВИДЕО) Манчевски: Нема наредба за препораките кон приватниот сектор, но доколку не се почитуваат мерките предвидена е казна

Од:

Превентивните мерки кои ги издаде Владата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот се јасни и треба да се почитуваат но не треба да се злоупотребуваат вели министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој појаснува зошто не важат мерките за отсуство од работа на родителите на децата од предшколска возраст чии деца не одат во градинка и што точно им се препорачува на работодавците во приватниот сектор.

„Препораките се јасни и тие во овој момент се превентивни. Децата од предшколска возраст кои не одат во градинка и се згрижени на друг начин, сами по себе не се ризична категорија затоа што не се дел од група. Нема потреба нивните родители да бидат ослободени од работа, бидејќи како и досега тие можат да ги згрижат на истиот начин. Потврдите што ќе ги издаваат училиштата и градинките ќе бидат само за еден родител и ќе треба да ги обезбедат до крајот на месецот кога ќе се подготвува платата, така што има доволно време за издавање на истите, вели Манчевски.

Што се однесува до тоа дека препораките треба да ги почитуваат и работодавците во приватниот сектор, стои јасно дека за неодговорност и за последици следува казна.

„Ние не сме во вонредна состојба и не можеме да издаваме наредби кон приватниот сектор за да ја почитува мерката да ослободи родител на дете до 10 години, но јасно се укажува дека ако мерките не се почитуваат и има последици од истите следува казна затвор, вели Манчевски.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски