(ВИДЕО) Манчевски: Лошата обиколница на Груевски и Трајановски потопи луѓе, ни треба нова одговорна власт

Од:

Никола Груевски и Коце Трајановски ја пуштиле обиколницата за користење откако таа веќе еднаш го поплавила Стајковци. Имено, на 22 јуни 2009 година, Груевски ја имал честа и прв да се извози по новиот автопат. На 22 Мај, само еден месец претходно, имало поплавени подруми во Стајковци, рече координаторот на Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски.

„Уште веднаш, во сите медиуми е објавена веста за поплавата и јасно била лоцирана причината за тоа. Жителите едногласно тврдат дека поплавите почнуваат откако е направена обиколницата и дека тоа не е прв пат да има поплавени подруми во с. Стајковци.

Ова е само почеток. Само два дена откако е пуштена во употреба обиколницата таа повторно го поплавува Стајковци, но со далеку поголеми последици. Еве на овие слики се гледа поплавата која ги оштетува имотите и дворовите на жителите на Стајковци.

По овој настан, градоначалникот Тони Трајковски и Коце Трајановски изјавија дека е потребно да се ископа канал околу обиколницата. Истиот ден Коце Трајановски во изјава за медиумите, тврди дека веќе почнува да се отстранува тој проблем.

Почитувани, ова се факти. Точно 8 години Коце Трајановски знаел дека проблем со обиколницата, ветил дека тој ќе биде решен, но за тоа ништо не направил. Јавно го прашуваме зошто? Зошто е пуштена обиколницата во употреба без да се заврши соодветно изградбата и направат потребните одводни канали? Зошто дозволија после цели 8 години да загинат 23 луѓе?

Коце Трајановски е дирекно одоговрен за жртвите и штетите. Треба веднаш да поднесе оставка, за да нова и одговорна власт започне нови, вистински инвестиции во инфрструктурата со цел ова веќе никогаш да не се повтори“, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски