(ВИДЕО) Манчевски: Ќе имаше за повеќе граѓани субвенции на пелети, да не трошеа за милонски тркала

Од:

„Единствено стратешко решение за проблемот со загадениот воздух во Скопје е гасификација на градот. Веднаш по промената на власта, на 11 декември, ќе започнеме да работиме на гасификацијата на цело Скопје. Граѓаните на Скопје ќе добијат поефтино греење и ќе имаат шанса да се намали загадувањето на воздухот. Дополнително со мерки за субвенционирање на фотоволтаични системи, со јавен превоз на електричен погон, и со подземна сообраќајница, значително ќе влијаеме за намалување на загаденоста на воздухот.

На денешната седница ќе ја гласаме ЗА, субвенциите наменети за купување на печки за пелети.
Но, тоа не е доволно, тоа е симболична мерка, затоа што само во градот Скопје околу 100.000 семејства не се приклучени на системот за централното греење. Со ова мерката само околу 200 семејства ќе можат да ги искористат поволностите и да добијат субвенција за печки за пелети.

Доколку Коце Трајановски искрено сакаше да им помогне на скопјани, ќе одделеше поголема сума на пари за субвенции на пелети, тоа можеше да го направи од ставките за панорамски тркала, за фасади, за барокни споменици, и за фонтани, но тој ниту сака, ниту може да им помогне на скопјани, и затоа треба веднаш да си оди, со што најмногу ќе придонесе за намалување на загаденоста во градот“, изјави Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски