(ВИДЕО) Манчевски: Груевски не може да избегне одговорност за криминалот со парцелите на Водно

Од:

Никола Груевски очигледно се обидува да го заташка криминалот со овие парцели на Водно тежок 17 милиони евра.

Како што јавија медиумите, компанијата Орка Холдинг ја купила фантомската фирмата „Сирах Инженеринг“ од даночниот рај Белизе, инаку сопственик на овие парцели. Така, сопственоста на парцелите на Водно од 11.000 м2 сега завршува во оваа фирма, исто така блиска до фамилијата на власт, вели Дамјан Манчевси.

Освен промената на газдата, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски и брат на неговата лична секретарка.

Јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри кавдратни на Водно, вредни милиони евра.

Од аудио доказите коишто ги објави СДСМ евидентно е дека токму Никола Груевски, лично и прецизно договора со Миле Јанакиевски каде и колкава да биде парцелата на Водно.

Граѓаните ги слушна разговорите каде што Груевски и Јанакиевски договараат промени на ДУП-опт и ГУП-от, како Груевски бара начини да се прошири парцелата, се интересира за „највисоката точка“, да нема никој „над него“, бара пат, ѕид, тргува со плацевите…

Се е јасно.

Врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствиа во врска со парцелите на Водно.

Со овој случај ќе се занимава и Специјалниот јавен обвинител.

Постапката на Груевски со промената на сопственоста, многу наликува на постапките на неговиот политички ментор, Георгиевски, со продажбата на куќата на Водно, кога тој беше откриен од јавноста.

Промената на сопственикот на земјиштето, не може да го спаси Никола Груевски и неговите соработници за целокупниот криминал со овие парцели.

На Никола Груевски ако досега не му стана јасно веќе мора да му биде кристално јасно: бегање од одговорноста нема!

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата