(ВИДЕО) Манасиевски: Студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури оставени без парно греење

Од:

„Во текот на вчерашниот ден студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури беа оставени без парно греење. Системот за греење откажа откако пукнаа цевките, по што вода се разлеваше низ ходниците на студентскиот дом, а студентите смрзнуваа цела ноќ.

Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе да живеат во нехуманите услови. Не само што состојбата не се подобрува, туку условите никогаш не биле полоши. Мувлосана храна, ладна вода за капење, без струја, без греење, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови.

Владата покажа колку и се важни студентите и условите во коишто живеат со ребалансот на буџетот со кој скрати дури 100 милиони евра предвидени за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентскиот стандард и условите во коишто живеат студентите за власта беа уште една изборна измама. Да потсетиме дека Владата во јуни годинава донесе одлука за итна реконструкција на „Стив Наумов“, па му требаше 4 месеци на директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски да изработи техничка документација за санација. Па шест месеци подоцна повторно прашуваме: До каде се новите лифтови, до каде е решението за новите тоалети, до каде е репарацијата на кровот на „Стив Наумов“? До каде е обезбедувањето на човечки услови во домовите?“, прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо студентски град и хумани услови за живот, имаме влада којашто „ЌЕ“ изгради, „ЌЕ“ реновира, „ЌЕ“ санира и „ЌЕ“ обезбеди услови за подобар живот на студентите.

Неспособноста на студентските челници оди дотаму што важно за нив е само нивниот кариезирам, а не обезбедувањето на човечки услови во студентски домови. Функционерите од власта, доколку еден ден поминат во студентскиот дом „Стив Наумов“, ќе сфатат зошто над 70% од младите си заминуваат.

Студентските домови не блескаат туку тонат во мизерија. Блескаат само лагите за студентските градови кои власта велеше дека ќе ги гради во Скопје, Штип, Битола и Тетово. Со лагите што блескаат и мизерниот живот на македонскиот студент нема да се вратат младите. Напротив тие заминуваат во се поголем број, затоа што власта не успеа да обезбеди човечки услови во студентските домови и подобрување на студентскиот стандард.

Со промена на власта, студентите ќе го добијат заслужениот достоинствен стандард“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166