(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Од:

Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината. Тепачот Митовски ја злоупотребил службената положба заради тоа што нема извршено надзор и контрола и спротивно на Закон одобрение за градба потпишал како важечко, иако не требало, за СДС тоа е режим, а Митовски жртва во случајот, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Митовски не е никаква жртва, туку локален шериф во Крива Паланка, кој ги тепа своите сограѓани заради тоа што има капка повеќе алкохол во него. Но, сепак, еве би ги прашале СДС, дали тепачот градоначалник Митовски е жртва и во друг случај, кога повторно, спротивно на Закон, се изготвило решение за поставување на урбана опрема, поднесена од правно лице-угостителски објект, или во превод кафуле, чиј сопственик и управител е токму неговиот брат, Милан Митовски.

Замислете, до каде одат градоначалниците од СДС како Митовски, во општините со кои раководат, тие мислат дека општината им е нивен приватен бизнис, па си прават што сакаат и мислат дека нема да одговараат пред Законот, затоа што досега праксата покажа дека секој оној којшто е близок до СДС или пак член на истата политичка партија, не одговара и нема никакви судски последици за работите кои ги прават спротивно на Законите.

Исто така, за овој случај, тепачот Митовски има добиено кривична пријава, и покрај него уште три други лица, кои веројатно по негова насока го одобриле барањето од правно лице – угостителски објект, за поставување на урбана опрема, кое е во сопственост да повториме, на неговиот брат Милан Митовски.

Ова е уште една потврда дека Сашко Митовски не е никаква жртва, ниту под прогон на некаков си режим, туку само обичен локален шериф, кој својата власт ја користи за свои лични интереси. Митовски знае дека за многу брзо од денес, ќе ги загуби изборите, бидејќи на граѓаните на Крива Паланка им е доста од градоначалник кој ги тепа своите сограѓани. На граѓаните на Крива Паланка им е потребна промена, а ВМРО-ДПМНЕ преку свој кандидат ќе ја испорача промената, кажа Манасиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он