(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

Од:

Фризерница во време на Зоран Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра. Продолжуваме и денес со сомнителните проекти од Еразмус +, да потсетиме дека Заев и Димова, доделија неколку грантови вредни над 270 илјади евра за медиумска писменост, на фризерско студио, во период од 3 години, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Фризерското студио со две столчиња, добива неколку години по неколку грантови од Еразмус +, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270 илјади евра. Секако, погодувате и за овој проект, сопственикот на фризерницата е близок пријател токму на Лидија Димова, односно поранешен граѓански и партиски активист на СДС. Ниту имаше, ниту моментално има одговорност за сомнителните случаи, каде што лица блиски до СДС, или пак членови на партијата, судии, професори, се наполнија со проекти вредни стотици илјади евра. Во СДС владее паника и страв дека на виделина излегува вистината за нивното криминално и коруптивно владеење во Агенцијата Еразмус +. Нивните судии и обвинители треба малку да се позанимаваат со овие работи. Одговорност мора да има, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми