(ВИДЕО) Манасиевски: Читални без греење, тоалети без топла вода, слаба храна, влага по собите, ова се ситуациите со кои се соочуваат студентите

Од:

„Студентите во студентскиот дом Кузман вчера, во ек на колоквиумска сесија беа оставени без греење во читалната на домот.

Студентите немаат услови за учење. Читањето во читална е како да се на улица на температури околу нулата.

Ова се жалните услови во кои учат студентите во времето на Зоран Заев. Премиерот кој скрои буџет од 4 милијарди, а не одвои ниту денар за реновирање на студентски домови и изградба на нови“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветуваа брда и долини, а не направија ништо. Образованието е на нула. Условите за студирање се под нулата.

Читални без греење, тоалети без топла вода, слаба храна, влага по собите, ова се ситуациите со кои се соочуваат студентите во Кузман.

Три години со прст не се мрдна, а образованието тоне.

Сето ова завршува на 12 април кога доаѓа обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава