(ВИДЕО) Макпетрол ќе го тужи за клевета професорот од Правниот факултет Александар Климовски

Од:

Обидот да ги толкува постапките и случувањата околу намерите на Балкан Петролеум за преземање на Макпетрол, ќе го чини тужба за клевета професорот на правниот факултет Александар Климовски. Тој во интервју за порталот мкд.мк, објавено во четвртокот, освен што го коментира досегашното работеење и внатрешните односи во компанијата, преку како што вели дезинформации што се шират се нанесуваат штети на акционерите, но и на Балкан Петролеум, фирмата која изрази намера за преземање на Макпетрол, пренесува Телма.

Макпетрол, поднесе тужба против Климоски за клевета. Правните застапници процениле дека Климовски изнел невистинити тврдења што нанесуваат огромна штета на компанијата и на угледот стекнуван и граден повеќе десетлетија.

Во истото интервју, наводно реагирајќи на непрофесионален одмос нс МАкпетрол и на Телма, Климовски, несоодветно на неговиот професорски ангажман упатува директни закани кон Комисијата до хартии од вредност, заплашувајќи со наводна можност за кривична одговорност на нејзините членови, затоа што побарале изјава за одлуката за преземање од физичко лице, кое се јавува како основач на друштво кое ја основа Балкан Петролеум. Климовски вели:

„Во случајот Макпетрол-Балкан петролеум може да зборуваме и за кривична одговорност на државните институции. КХВ има право да бара одлука за преземање од преземачот правно лице, во случајов Балкан петролеум лимитед, донесена од собирот на содружниците, а верификувана од управителот на тоа друштво. Барањето на Комисијата за хартии од вредност за изјава од физичкото лице кое е основач на друштвото кое се јавува како основач на Балкан петролеум е надвор од Закон за Трговски Друштва и закон за Акционерски Друштва и претставува однесување кое навлегува во злоупотеба на нејзината положба и овластувања“.

Ваквата изјава на професорот Климовски за правниците отвора неколку прашања. Не се знае од каде професорот е информиран какви документи барала Комисијата за хартии од вредност, кога тој податок никаде не е објавен и од кого и како ги добил?

Според биографијата објавена на интернет страницат на Правниот факултет Климовски предава право на друштвата во прв циклус, корпоративно и деловно право на мастер студиите и е акредитиран ментор по деловно право во трет циклус студии. Токму поради ова познавачите велат дека покажува основно непознавање и на домашното и на меѓународното право како што е Англискиот Компаниски закон од 2006 година, според кој во Лондон е регистрирана Балкан Петролеум во Лондон. Професорот, велат познавачите, морал да знае дека и според овој закон и според македонскиот Закон за трговски друштва, нема ништо спорно во одлуката на Комисијата. Изјавата за преземање морала да биде донесена од единствениот содружник и основач на Балкан Петртолеум, а тоа е компанијата Даволија од Кипар.

Кога поединци, како професорот Александар Климовски се закануваат со кривична одговорност за комисијата за хартии од вредност, истите извори коментираат дека може да се зборува за потенцијално директно или интиректно вршење на кривични дела на присилба, изнуда и за што и самите може да одговараат.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство