ВИДЕО: Македонските војници со искинати чизми

Од:

[staff name=”Предраг Петровиќ” position=”Автор”][/staff]Професионалните војници, револтирани од нивното деградирање од страна на Министерството за одбрана испратија видео снимка од последната вежба која до нашата редакција ја достави лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Според него, професионалните војници биле револтирани зашто уште немаат ниту чизми, ниту униформи.

„Група револтирани професионални војници доставија снимка од последната вежба на која се гледа во каква состојба се наоѓаат, разменуваат чизми кои и не се исти, одат со најлонски ќеси на нозете, зашто чизмите им пропуштаат. Сето ова се прави намерно, и со план, откако дојден на чело на АРМ дојде кадарот на ДУИ Фатмир Бесими, а сега ќе продолжи овој процес со Талат Џафери“, рече Ангелов.

„Нам ни личи дека намерно се урива борбената готовност и морал на војската бидејќи основната работа што треба да ја има еден војник се чизмите, униформите и вооружувањето. Војниците со скинати чизми и униформи не можат да бидат во врвна борбена подготвеност. Во еден ден војниците носат различни униформи со исклучок на гардата која редовно е уредна за пред тв камерите“.

Според Ангелов, револтот не е само кај професионалните војници туку и кај старешините бидејќи знаат дека одговорен за разузнавање и контраразузнавање сега ќе биде Талат Џафери, министер од редовите на УЧК.

-Според член 133 од Законот за одбрана разузнавањето во АРМ опфаќа мерки што се преземаат поради собирање, документирање и анализирање на разузнавачки податоци од значење за Република Македонија. Овие активности ги вршат луѓе кои се овластени од министерот за одбрана. Ова значи дека тој ќе има целосен увид во воените разузнавачки информации. Според член 134 контраразузнавањето во армијата опфаќа мерки што се преземаат поради откривање на сите форми на тероризам насочени кон одбраната на Македонија.

-Сега припадник на терористичката УЧК ќе ја штити земјата и армијата од терористички активности. Сите што ќе работат на тоа тој ќе ги именува и ќе има увид во сите информации, рече Анегелов.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори