ВИДЕО: Македонската вакцинална драма преку Америка до Кина

Од:

Јануари, февруари, март – различни термини, различни вакцини и од различни производители, набавки преку различни механизми најавуваше министерот за здравство Венко Филипче. Засега во земјава не е пристигната ниту една вакцина против Ковид-19, но веќе се наѕира мала светлина по потпишаниот договор за набавка на 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, за 100.000 граѓани.

Србија веќе ја почнува масовната ревакцинација, а граѓаните имаат можност да бираат помеѓу вакцини од неколку производители.

Ние сме во групата со Косово, БиХ и Црна Гора, каде што вакцинацијата не е почната, а министерот Филипче тврдеше дека не сака да има застој во вакцинирањето, па од тие причини и не се набавуваат помали количини вакцини.

Сепак, првата најавена количина беше само 5.850 вакцини во февруари од вкупно 833 илјади преку Ковакс-механизмот. Стануваше збор за вакцината на „Фајзер“. Потоа беше најавен и директен договор со „Фајзер“ за уште 800 илјади вакцини. Следуваа и најави за донации од Бугарија, каде што министерот Филипче отпатува лично, од Полска, од Грција, од Србија…

Најавите траеја и на тоа останаа, барем засега, а во меѓувреме се чекаа донации од фрижидери каде што би се чувале вакцините.

Во меѓувреме, следуваа десетици прес-конференции и изјави од министерот Филипче за тоа која вакцина од кој производител треба да стигне, бројките се менуваа, производителите исто, преку САД и Велика Британија, па до Кина.

Се подготвуваше планот, се менуваше законот, се испраќаа дописи, се обучуваше медицинскиот кадар за вакцинација. Единствено, вакцините изостануваа.

Двете вакцини кои на почетокот доаѓаа предвид беа онаа на „Фајзер“ и на „Астразенека“. Кинеската и руската вакцина не се споменуваа. Потоа следуваше пресврт.

Вакцината на „Фајзер“ по сè изгледа отпадна или Македонија отпадна од Фајзер, па во игра влезе „Астразенека“, вакцина за која на анкетите се покажува дека би ја примиле исклучително мал број граѓани. Надеж сепак даваат 200 илјади дози од кинеската вакцина „Синофарм“ за кои вчера беше потпишан доверлив договор.

Руската вакцина „Спутник“, очигледно сè уште не доаѓа предвид, иако Филипче тврди дека се расположени за соработка со секој производител, а на повеќе анкети најголем број граѓани се изјаснуваат дека сакаат да ја примат токму оваа вакцина. Инаку, Македонија можеше да ја добие  „Спутник“ уште поодамна, кога самиот руски амбасадор во земјава рече дека „топката за одлука е во наши раце“.

Голготата и патот до вакцините против Ковид-19 во земјава стана предолг и претежок за граѓаните, а сега, кога на повидок се првите дози со кои би се вакцинирале 100.000 граѓани, Филипче убедува дека пред нас е успешен процес на имунизација и дека Македонија ќе биде една од ретките земји која ќе обезбеди значајна доза вакцини.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднела 200 амандмани на буџетот за 2025 за кој вели дека е нереален и генератор на нови долгови

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп