ВИДЕО: Македонија со поддршка до турскиот премиер Ердоган

Од:

– Го поддржуваме Ергодан бидејќи Турција ја призна Македонија под уставното име. Демонстрантите се мрзливи, не сакаат да работат, а земаат големи плати – порачаа стотици граѓани кои беа дел од собирот пред Мурат – пашина џамија за да пружат поддршка на турскиот премиер Ердоган.

Насобраните кренаа глас против демонстрантите во Турција, на кои им порачаа дека со тенџериња и тави не се прават протести. Со веење знамиња, играње оро и широко распослани транспаренти „Нема да оставиме да те изедат“, „Скопје е со Ергодан“ и „Поддршка за премиерот“, насобраните граѓани ги нарекоа демонстрантите неработници, мрзеливи и луѓе кои во минатото биле криминалци и работеле на штета на Турција.

– Ердоган го сака целиот свет. Што побрзо протестите што ги прави да ги остави, инаку Македонија ќе продолжи да протестира – порача еден граѓанин.

– Тоа што го прават демонстрантите во Турција е нерегуларно. Ергодан работи за доброто на економијата и народот. Тој можеби ќе пресече десет дрвја, но ќе засади дваесет. Ова е дел од новиот проект кој го соопштија властите синоќа, но народот не е информиран за тоа – изјави друг граѓанин.

Невладините организации заедно со политичките партии ги повикаа демонстрантите во Турција да прекинат со протестите, бидејќи тоа и’ штети на угледот на државата.

– Турскиот народ треба да биде благодарен на својата влада за успесите досега. Турција е пример за солидна демократија и не треба да им се дозволи на демонстрантите да го нарушат угледот на државата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Подобрена e состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода

Мерџановски: Со владин авион во Скопје транспортиранo e момчето кое се повреди на одмор во Турција

Со дронови нападнати два турски цивилни брода во Црното Море, има повредени

Шумски пожари во Турција: 3.500 лица, 23 авиони помагаат во гаснењето