ВИДЕО: Македонија изгубена на истражувачката мапа

Од:

Песимистичко и депресивно е местото на Македонија на мапата на вмрежување и мобилност. Помала мобилност од Македонија има само Албанија во целиот регион. Странските студенти не доаѓаат во Македонија, или поради јазичната бариера или поради неатрактивната понуда на подрачјето.

Во моментов има само еднонасочна мобилност, на студенти од Македонија кон Европа.

Ова беа дел од излагањата на дебатата „Вмрежување и мобилност во општествените науки-Каде сме на истражувачката мапа“, во организација на ФООМ и Регионалната програма за поддршка на истражувања за Западен Балкан.

Професорката Лорета Георгиевска Јаковлева од Институтот за македонски јазик рече дека Македонија има мобилни студенти но бројката сепак покажува „0“ мобилност, а слично е и со професорскиот кадар. Многумина биле одбиени, но никој не го поставува прашањето зошто не ги исполнуваме условите за мобилност?

Според неа, треба да се исполнат повеќе услови, пред се да се учествува во проектите, но и да има репрезентативно делегирање, односно учество на компетентни луѓе, а тука Македонија се соочува со проблем.


Според Марјан Петрески од Факултетот за деловна економија и организациони науки вмрежувањето и мобилноста се многу ниски во Македонија. Тој кажа дека преку истражувањето на економските факултети дошол до бројка од 50 проекти.
„Но она што е недостаток, рече тој е што најголем број од пректите или 90 проценти, беа од донаторски карактер. За сметка на тоа, отсуствуваат други проекти каде се знае дека нема да следува надомест“, рече тој.
Според него, за да тргне работата, прво треба да има активни истражувачи, а за тоа пак се потребни солидни истражувачки вештини.

Новинарката Билјана Јовановска низ бројки и примери го претстави односот на Владата кон науката, која кажа дека и покрај тоа што не постојат никакви расположливи податоци, факт е дека Македонија се помалку и помалку вложува во науката.

Додека Словенија опдвојува 4, 7 проценти од БДП за наука, или околу 400 милиони евра, Македонија одвојува само 0, 1 проценти или околу 10 милиони евра на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска