ВИДЕО: Македонија и Албанија ќе воведат заеднички контроли на Ќафасан

Од:

За можноста за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Македонија и Албанија на патниот граничен премин Ќафасан, што ќе овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства разговарале денеска во Поградец министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Сандер Лешај.

Ваков проект т.н. „One stop control“ е во завршна фаза пред имплеметација со Република Србија, на граничниот премин Табановце, а од примерите во земјите каде веќе функционира евидентно е дека се преполовува времето на чекање на граѓаните, а се штедат и ресурси, соопшти МВР.

Спасовски и Лешај на средбата ја потенцирале одличната соработка меѓу полициите на двете земји, особено меѓу граничните полиции.

Се договориле соработкатата меѓу граничните полиции на двете држави да продолжи и во иднина на сите нивоа, пред се преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски