(ВИДЕО) Мајката на Тамара: Сакам да се најде виновникот, детето да ми почива во мир

Од:

На денешниот протест за оставка на министерот Тодоров како одговорен за смртта на малата Тамара од Велес, присуствуваше и нејзината мајка Жаклина Димовска.

Поминаа четири месеци се уште нема никаков одговор, ниту од Обвинителство, ниту од обдукцијата, од Судска медицина немаме никаков одговор. Сакам да дознаам што се случило, тврди мајката на Тамара Димовска од Велес.

– Не сакам случајот да се политизира, случајот нема никаква политичка позадина затоа што јас лично не сум од ниедна партија, бидејќи детето ми почина, сакам да си ја знам вистината. Сакам да заврши оваа голгота и детето да ми почива во мир, сето ова да се заврши и да се најде виновникот, вели Жаклина Димовска.

Таа рече дека 9 години се бореле низ здравствените лавиринти, а сега останува брбата низ правните лавиринти.

– Мора да ја избориме правдата за Тамара. Бев нападната пред некое време за неодговорност, па сакам јавно да ги прашам тие што ме нападнаа кога би биле на мое место – што би направиле? Дали би протестирале, дали би оделе по вратите и би ја барале правдата за своето дете? Сакам јавно да прашам зошто почина мојата ќерка, откако 3 години одевме од врата на врата и сега, на крајот, нема никаква одговорност. Овде сме дојдени одговорноста за смртта на мојата ќерка. Да нема повеќе мајки со црни шамии и свеќи во рацете, сето ова го правам и за другите деца и да си најдам правдата за мојата ќерка, рече Димовска.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ