(ВИДЕО) Мајката на Нешковски го направи првиот чекор кон Владата

Од:

Демонстрантите кои протестираат пред Владата по објавените разговори за смртта на Мартин Нешковски, влегоа во дворот на објектот откакот прво неговата мајка ја премина оградата и се обиде да влезе за да им предаде писмо на владините службеници.

Откако таа беше спречена, неговиот брат, Александар Нешковски го направи истиот чекор но беше спречен од специјалците на МВР кои се нафрлија на него. Полиција употреби прекумерна сила врз Александар Нешковски што ги испровоцира граѓаните кои тргнаа кон Владата.

Кордонот на полицијата беше пробиен и демонстрантите влегоа во дворот извикувајќи Убијци! Убијци! Голема група на граѓани протестира пред самиот влез на владиниот објект додека булеварот Илинден е блокиран од стотици други.

Незадоволните граѓани извикуваат Оставки! Оставки! додека во меѓувреме се емитувуваат снимките кои денеска ги објави опозицијата каде се согледува обидот на МВР да го заташка убиството.

Додека се случуваа овие настани пред Владата, внатре течеше прес конференцијата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нешковски: Убијци, убијци – Мора сите да одговараат

Емир Латифовиќ

Семејството на Нешковски бара Груевски, Мијалков, Јанкуловска и Урко да одговараат за прикривање на информации

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Вуиќ: Вујкото на Мартин Нешковски ја призна вината за студентите да излезат од притвор

Емир Латифовиќ

Во 18 мирен и достоинствен протест пред Влада

Емир Латифовиќ

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против единаесет лица – учесници во протестите

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска