(ВИДЕО) Лозари: Полицијата брутално претепа малолетник

Од:

Навивачката група „Лозари“ од Кавадарци реагира , на како што велат бруталното  претепување  малолетник од страна на полициските служби од Кавадарци.

Членовите на оваа навивачка група упатија големи критики кон припадниците на министерството за внатрешни работи за прекумерната употреба на сила кон 15-годишен член односно навивач на „Лозари“,  кој поради само една запалена петарда бил брутално претепан од полициските службеници и му биле нанесени тешки телесни повреди, иако тој не се противел на приведувањето.

„Навивачката група Лозари важи за мирна и непроблематична група, но тие се почесто примаат закани и заплашувања од страна на некои полициски службеници. Тие се повикуваат на тоа да се стави крај на ваквата полициска бруталност и некој да превземе сериозна одговорност за ваквите случувања.Практиката покажува дека се поголем број граѓани што се жалат на полициска бруталност – потоа влегуваат во дилема: дали да одат до крај и преку суд да бараат сатисфакција. Во најголем дел од случаите се откажуваат, што е разбирливо, бидејќи, од една страна, знаат дека полицијата веднаш ќе поднесе контра кривична пријава против нив, а од друга страна самото Обвинителство работи бавно, најчесто во спрега со полицијата и затоа не се исплати да се тужи полицијата“, пишува порталот „Мојот град од поинаков агол“.

Досегашната практика покажува, велат,  дека веднаш откако ќе се случи полициска бруталност, од МВР следуваат изјавите што можеше да ги научи јавноста напамет: „граѓанинот ги навредуваше вработените во МВР, им се закануваше, им ја кинеше униформата, ги удираше, давал отпор или, пак, сам се лизнал и се повредил“. По тоа следува најава за кривична пријава токму против оној што е претепан.

„Во такви случаи се вклучува Секторот за внатрешна контрола при МВР, кој би требало да го расчисти случајот и доколку утврдат дека имало прекршување на овластувањата – да ги казнат своите вработени. Нажалост се поголемиот број на вакви случувања укажува на тоа дека не постои свест кај полициските службеници за почитување на човековото достоинство“, пишува „Мојот град од поинаков агол“.

Навивачката група бара одговорност од сите петмина полицајци кои беа вклучени во овој, според нив.  монструозен чин.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски