(ВИДЕО) Лозановска: Филипче и Заев без компас, нема вакцини, ама има британски сој на вирусот

Од:

„Нова лага во низата на лаги на министерот за здравство. Мутацијата на британскиот сој на Ковид-19 во Македонија ја имало од 29 декември 2020 година. Министерот на 22 јануари рече во Македонија нема мутација на корона како во Велика Британија.

Лицето кај кое е детектиран британскиот сој е веќе оздравено и се води во евиденцијата на оздравени од 22 јануари. Токму на тој 22 јануари Филипче рече дека го немало овој британскиот сој во Македонија. Владата е без компас“, вели Олга Лозановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот и премиерот не знаат какви се видови на вируси има! Додека сите држави во светот се во трка за вакцина повеќе, тука вакцините не се ни на повидок.

Граѓаните секојдневно сведочат само на лагите како вакцини ќе има на крај на декември, почеток на јануари, па во февруари. А, фактот е еден – вакцини нема.

Во другите држави граѓаните бираат со какви вакцини ќе се вакцинираат, а министерот питачеше кај ќе стигне, последно се најде пред вратите на Кинезите.

Србија во меѓувреме понуди медицинските лица од земјава да се вакцинираат кај нив, а министерот одби. Ама на министерот му се случи кластер на Клиниката за нефрологија, дваесет здравствени лица заболени од само една болница!

Цел свет, сите држави итаа по вакцини, а премиерот ни зборуваше за НАТО стратегии.

Главната алатка во борбата против пандемијата, вакцините против Ковид-19 ги нема, ама го има британскиот сој на вирусот. Ова граѓаните скапо го плаќаат, некои и со своите животи. Одговорност мора да има“, изјави Олга Лозановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски