(ВИДЕО) Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита својот став за блокади, да не биде против НАТО, Законот за одбрана е важен

Од:

„На денашната седница во Собранието, меѓу останатите точки е и Законот за одбрана, системски и закон важен за целосно усогласување со НАТО стандардите.

Со измените на овој Закон се опфаќа и Протоколот 5 кој се однесува на трансфер од индивидуална самоодбрана во колективна одбрана или „напад на една земја членка се сфаќа како напад на секоја поединечно или на целиот пакт“ како и процедурите за барање помош од сојузниците во случај на безбедносни ризици.

За овој закон е потребно двотретинско мнозинство и затоа потребно е да го поддржат сите пратеници.

Сепак, ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на овој закон уште еднаш го покажува докажува лицемерието и лажниот патриотизам во кои е западната опозициската партија.

Со најавите дека нема да го гласаат Законот за одбрана Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ делуваат против еден од најважните закони поврзани со усогласувањето со НАТО стандардите“, рече Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

„На Мицкоски и пратениците на опозициската партија не им пречи кога во Европската народна партија, се партија од Република Северна Македонија,но уставното име им пречи во Законот за одбрана кој е важен за усогласување со стандардите на НАТО.

Залудни се нивните лажни изговори за деструкциите што ги прават.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција.

Веќе извесно е дека стануваме 30 земја членка на НАТО и тој успех сите го честитаа и поздравија, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да го закочат тој процес.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да го преиспитаат својот став за измените на законот.

Додека се остваруваат стратешките инереси на државата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски тераат дневна политика, заглавени во деструктивното однесување.

Мицкоски е ист како Никола Груевски. Лажен патриотизам, лицемерие и деструкција, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на 12 април граѓаните повторно ќе ги поразат нивните антизападни и антидржавни политики и ќе потврдат дека државата продолжува на вистинскиот пат кој води до полноправно членство во НАТО и забрзана интеграција во ЕУ“, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски