(ВИДЕО) Локвенец: Власта нема пари за оштета од поплавите во прилепско

Од:

„Осум месеци по најголемите поплави во Пелагонија земјоделците од прилепско се уште не добиле ниту денар за огромната штета што ја претрпеа.

Пред 4 месеци Никола Груевски најави 100% обесштетување на земјоделците по што бомбастично беше најавен и наводен почеток на исплатата на оштетата. До денеска едно големо ништо“, рече на денешната прес конференција Хари Локвенец – пратеник во Парламент.

„Никола Груевски треба да излезе пред земјоделците и да одговори некој треба да добие провизија, за да почне исплатата на обесштетувањето за прилепчани?

Груевски, во Јуни беше во Новаци и најави 10 милиони евра за земјоделците и 12 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура, која, како што рече веќе почнала да се исплаќа. Од овие ветени 22 милиони евра нема ништо!

Никола Груевски повторно ги излажа земјоделците.

Дополнително се уште не се санирани ниту насипите долж Црна и прилепска Река.

Поплавите што ја зафатија Пелагонија во јануари и февруари оваа година ја покажаа неспособноста на власта.

Неисчистените корита на реките и одводните канали, како и непрофесионалното управување со акумулацијата, којашто мораше да испушта вода со цел да не дојде до прелевање па и рушење на браната, се главните причини за големите поплави во прилепско.

За земјоделците од прилепско и Август не беше подобар од Јануари и Февруари. Повторно, и во август поплавени се земјоделски површини, куќи, згради од земјоделското стопанство.

СДСМ бара, наместо да се трошат милиони на панорамско тркало во Скопје, веднаш да се исплати оштетата за земјоделците, и тоа во целост!

ЈП Прилепско поле да се зафати со санација и чистење на речните корита. Доаѓа  дождовна сезона, а земјоделците од прилепско повторно ќе бидат изложени на ризик од поплави.

И конечно градоначалникот Марјан Ристески наместо да се крие од вистинските проблеми на прилепчани, да ги исполни своите обврски во решавањето на овој суштински проблем за земјоделците од прилепско“, изјави Локвенец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби