(ВИДЕО) Локвенец: Триесет илјади денари просечна плата во Република Македонија

Од:

„Завршуваат криминалните политики на Никола Груевски!

Го враќаме животот во Македонија.

Гарантираме повисоки плати и нови работни места.

Просечна плата  во Република Македонија ќе изнесува 30.000 денари.

Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор.

Наместо да преживуваат, граѓаните ќе живеат достоинствен живот!

Обезбедуваме 140 милиони евра поддршка на домашните фирми и претпријатија.

Тоа се 100 пати повеќе пари, отколку досега власта што има давано.

На овој начин, силно ќе ги поддржиме домашните микро, мали и средни претпријатија, за да го постигнеме тоа што на што се обврзуваме, повисоки плати и нови работни места.

Домашните фирми ќе бидат носители на економскиот развој во Македонија.

За да поттикнеме отворање нови домашни претпријатија, предвидуваме отворање старт ап центри каде што новите фирми, во првите години од основањето, нема да плаќаат за деловен простор, како сметководство, архива, одржување.

Ќе овозможиме отворање фирма со само 1 евро основачки капитал.

Ќе овозможиме кредити до 15.000 евра со само 1 процент годишна камата.

После 10 дена од денес, почнуваме во пракса да ги реализираме Планот и програмата за живот во Македонија.

Ќе има живот за сите!

Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија“, изјави Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски