Масовни како и секогаш, и вечерва, храбро прилепчани маршираа против режимот на Груевски.
„Почна новата револуција во Македонија. Враќање назад нема. Тгрнавме да ја вратиме демократијата. Да ја вратиме слободата“, рече Хари Локвенец , кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп.
Ние сме, рече, луѓе без страв, праведни, чесни и искрени, вела Македонија знае дека Прилеп е херојски град, дека Прилепчани се непокорливи.
„Ние не сме мајмуни, како што не нарече Благородна Дулиќ. Ние не дозволуваме никој да го гази нашето достоинство и нашиот интегритет. Ние сме луѓе со свое ЈАС. Жално е што Марјан Ристески, Димитар Стевананџија и другите чауши на ДПМНЕ од Прилеп не се такви луѓе. Жално е за нив. Трагично е за нас што имаме градочалник и пратеници од ДПМНЕ кои чутат кога Прилеп и прилепчани се навредени. Ако имаа свое јас ќе се оградеа и извинеа за изјавата на Дулиќ. Ама тие молчат. Бидејќи не се извинија сега мора да си заминат од политика. Нема друго чаре за нив. Само така можат да пробаат барем образот да си го сочуваат. Да останат барем луѓе. Оти како политичари тие пропаднаа. Немаат повеќе кредибилитет“, рече Ловенец.
Затоа, рече, мора да има фер, демократски и слободни парламентарни и локални избори.
„Јас сакам да донесам нова надеж во Прилеп. Да ја гасифицирам општината, по примерот на Струмица и Куманово. Енергијата за стопанството да поефтини за 40 посто.Сакам да донесам 50 милиони евра домашни и странски инвестиции. Да изградам 500 микроакумулации за подобро наводнување и зголемен принос на земјоделските култури. За секоја акумулација ги знам точните координати, висината на браната, формата на езерото, количината на зафатена вода и површината која ќе се наводнува.Сакам да создадам услови за 5,000 нови работни места во Прилеп.Минатава недела бев во работна посета во Германија. Посетивме 5 општини во Саксонија-Анхалт. Видовме 10 фабрики каде германците прават енергија, струја и греење, од сонце, ветар и био-маса. Таму секоја фамилија е снабдена со ефтина струја и греење. Нема зима во Германија.Сакам така да биди и во Прилеп. Ми велат Германците: ако имате желба, ние сме тука да ви помогниме. Јас им велам: имаме огромна желба и уште поголема потреба. Затоа ги договорив Германците да дојдат тука. Да видиме што можеме заедно да направиме“, рече Локвенец.