(ВИДЕО) Локвенец: МВР и Спасовски ги враќаат угледот и довербата во полицијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е навикнато од Министерството за внатрешни работи да создава механизам за уцени, закани и конструирање случаи против политичките неистомисленици и затоа чесната, професионална и одговорна работа на МВР за нив е непозната категорија, истакна пратеникот од СДСМ и коалицијата, Хари Локвенец, во своето обраќање на 86. Седница на Собранието на Република Северна Македонија.

„Токму министерот Оливер Спасовски е тој којшто година и половина од кога е министер работи на тоа министерството и полицијата да ги врати во вистинската насока . Ако во минатото полицијата служела за одмазди и закани, за режирани апсења и случаи, за заташкување кривични дела и за изборни нерегуларности, со што угледот на полицијата беше уништен, а граѓаните ја изгубија довербата во институциите, денес се работи за владеење на правото и функционирањето на правната држава“, рече пратеникот Локвенец

Локвенец истакна дека интерпелацијата за Спасовски е неоснована и е крајно несериозен потег на опозицијата.

„Денес на неполни две години од доаѓањето на оваа влада се променија многу работи. Денес знамето на НАТО се вее пред македонската влада, денес не се зборува за меѓуетнички конфликти и дестабилизирачки сценарија, туку за глобални безбедности предизвици и справување со нив, зборуваме за успешноста на реформите, а не за злоупотреба на институциите. Сето тоа е напредок, а не уназадување”, заклучи Локвенец.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието