(ВИДЕО) Локвенец: Број 42 за нова страница во историјата на Прилеп!

Од:

Во средата, на 20-ти март, го имавме најмасовниот митинг што некогаш се случил во градот Херој. Грандиозната атмосфера, силната енергија и еуфорија беа уште една потврда дека Прилеп избра. На 24-ти март, Прилеп ќе заокружи 42. ПОБЕДУВАМЕ, рече Хари Локвенец.

На сите им е доста, рече тој, од нафатираните шерифи од ДПМНЕ. 18 години се на власт во Прилеп. Само со Марјан Ристески имаме 8 пропаднати години и 8 изгубени генерации. Каде потроши над 120 милиони евра општински пари? Во Прилеп владее економски пустош, сиромаштија, над 40 посто невработени.

ДОСТА Е! Прилеп ќе сврти нова страница во својата историја. Прилеп и прилепчани заслужуваат развој и нова надеж. Градот Херој мора храбро да тргне кон својата иднина.

Моја цел е да донесам 50 милиони евра домашни и странски инвестиции во Прилеп и да создадам услови за 5,000 нови работни места. Заедно со советниците, и целиот мој тим посветено ќе работиме за иднината на Прилеп. Општинските пари ќе се трошат за вистинските приоритети. Отворањето на нови работни места и намалување на сиромаштијата се нашите највисоки приоритети.

Би можело да ве интересира

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес