ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Од:

Хеликоптерот на МВР исфрли 20 тони води и помогна во локализирањето на пожарот кај Селце на Шар Планина. Со оглед на непристапноста на теренот на кој гореше пожарот, преку ЦУК локалните власти побараа помош од воздух.

– Денеска (14.04.2024) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Селце, Општина Тетово, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени. Притоа со прецизно дејствување на овој воздухоплови исфрлени 20 тони вода, пожарот кај Селце е локализиран, се вели во соопштението од МВР.

Во меѓувреме, ЦУК соопшти дека се активирал пожарот над селото Острец на Баба Планина.

Пожарот бил активен во текот на вчерашниот ден над с.Велушина и бил локализиран во вечерните часови, но денеска е повторно активиран.

– Интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница Кајмакчалан од Битола и четири пожарникари со две ПП возила од ТППЕ Битола коишто после 15.00 часот се повлекле затоа што теренот е непристапен. Со пожарот, како што известија екипите од терен, не се загрозени населени места, информираше ЦУК.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски