(ВИДЕО) Љупчо Ристовски: Овој народ ќе влезе во ЕУ богат, горд и со исправенa глава

Од:

ГРОМ- Граѓанската опција за Македонија, Интегра, Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори, а лидерот на Интегра, професор д-р Љупчо Ристовски рече дека коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе биде одговор на досегашното неуспешното владеење.

Македонскиот народ е испратен пред носење на историски одлуки, предизвиците се огромни но и заканите се големи. Оваа коалиција предводена од ГРОМ, Интегра и ПЦЕР очекувам да стане зачеток на нешто ново и ќе го освојува третиот нов пат кој ќе биде одговор на неуспешно владењње на двете најголеми владеачки структури во Македонија, рече претседателот на Интегра.

Македонија не може да биде богата ако не се богати граѓаните или не е образована и здрава нацијата. Образованието, здравството и стандардот ќе бидат фокус на оваа коалиција.

Имаме одговор за растечката сиромаштија: со посебен закон да ги заштитиме социјално ранливите категории.

Државата ќе мора да се рационализира и да се создаде и поттикне творечки потенцијал на секое семејство да може да отвори свој бизнис.

Секој поединец од државата очекува сигурност и безбедност, ако ги немате овие ја немате слободата, а ако ја немате слободата вие го немате творечкиот потенцијал.

Овој народ или ќе влезе во ЕУ и во западниот свет богат, достоинствен, горд и со исправена глава – истакна Ристовски.

Би можело да ве интересира

Во Ларце до 13 часот гласале 32,73 отсто од граѓаните, во Струга гласале 30 отсто од гласачите

A1on

Прегласувањето на седумте избирачки места почна навреме

A1on

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ