ВИДЕО: Либерално-демократската партија бара намалување на цената на парното греење

Од:

„Помина еден месец од 15 октомври, датумот кога согласно Правилникот за цени на толинска енергија и системски услуги, донесен од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, отпочнува испорака, односно снабдување, со топлинска енергија на потрошувачите кои ги користат услугите на парното греење.  Во меѓувреме, сведоци сме дека  во изминативе месец дена температурите беа доста високи за овој период од годината. Тоа значително ги намали трошоците за испорака на топлинска енергија и тие се значително пониски од вообичаеното.

Прогнозите укажуваат дека и во наредните две недели, особено преку ден, температурите ќе бидат високи. Но во раните утрински и во вечерните часови пак, греењето е многу слабо и граѓаните се поради тоа изложени на дододатни трошоци за греење на струја“, рече на денешната прес конференција, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ.

„Цената на природниот гас за потрошувачите во Македонија во оваа година е намалена за над 40%. Во првиот квартал годинава увозната цена за природниот гас кој влегуваше во земјата изнесуваше 380 долари за 1000 нормални метри кубни метри, а во последниот квартал таа изнесуваше 214 долари за 1000 нормални метри кубни. Тоа е резултат на падот на цената на гасот на светските берзи и на поволните договори склучени за увозот на гасот. Исто така и цената на мазутот е значително намалена.

Ова покажува дека значително се намалени трошоците за испорака  на топлинската енергија на потрошувачите кои ги користат услугите на парното греење. Меѓутоа, граѓаните не видоа никаков бенефит и цената за парното греење остана непроменета, односно неоправдано висока.

Поради тоа, Либерално-демократската партија, ја повикува Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, согласно своите надлежности, утврдени во законите и во подзаконските акти,  итно да иницира, односно да отпочне постапка за намалување на цените на испорака на топлинската енергија, кои се ионака превисоки. Тоа ќе придонесе за определување  на правична и реална цена која ќе ја плаќаат граѓаните и претпријатијата за користење на услугите на парното греење.  Ова ќе доведе и до намалување на исклучувања на корисниците од ситемот на парно греење кое е главно поради високите цени“, изјави Проф. Д-р Зоран Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Парното поскапува на 1 декември за околу 130 денари

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски