(ВИДЕО) Левица: ВМРО-ДПМНЕ ни го одби амандманот за ин-витро ваучери

Од:

Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се зголеми буџетската ставка за биомедицински потпомогнато оплодување за дополнителни 5 милиони евра. Причината е едноставна – Македонија се соочува со пад на наталитетот, а една од причините е и здравствената дисфункција која спречува многу семејства да добијат свое дете. Во такви услови, програмата за ин-витро мора да биде засилена, а не оставена да запаѓа во бирократска летаргија, тврдат од Левица.

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, посочи дека и покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување нуди ваучери, самите корисници и понатаму плаќаат речиси половина од целата процедура од свој џеб.

„Тоа ја поништува суштината на програмата и наместо вистинска поддршка, станува само делумна помош што за многу семејства е финансиски недостижна. Зголемувањето на средствата е првиот чекор кон поправичен и функционален систем, кој ќе им го олесни товарот и ќе им даде реална шанса на семејствата што најмногу ја чувствуваат оваа борба.

Сепак, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ без дебата, го одби и овој амандман. Наместо да изберат политика што навистина го поттикнува наталитетот, избраа да ги игнорираат реалните потреби на граѓаните и докажаа дека нивните грижи и мантри за наталитетот се само празни зборови или десничарски диктаторски чинови со коишто на граѓаните, без обезбедување на соодветни услови и можности, им наредуваат да имаат повеќе деца“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?