(ВИДЕО) Левица: Сите партии да потпишат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Партијата Левица излезе со официјален предлог за формирање експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што велат, таа е креатор на владејачките политики 10 години и ја упропастува Македонија. Здравко Савески од партијата вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден мандат, партијата ќе и зарие конечен нож на Македонија и ќе ја уништи земјата.

– Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од Албанскиот блок да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, во која ќе кажат дека нема да учествуваат во влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ и нема да поддржат влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин, не само јавноста ќе има потранспарентна слика за позициите на сите политички партии учесници на изборите, туку и меѓународниот фактор ќе биде дестимулиран да прави некои постизборни комбинации кои ќе ја вклучат онаа партија која зад себе има оставено крупен криминал во оваа земја, рече Савески.

Левица ќе излезе самостојно на изборите, но Савески не смета дека тоа ќе ги раситни гласовите, вели, има многу граѓани кои се незадоволни од досегашната понуда.

– За жал, Унитети има легитимна иницијатива. Она што е трагично во моментов е тоа што проблемот со преголемиот број гласачи во 6. Изборна единица беше лоциран уште во јуни месец, а партиите намерно или ненамерно го држеа ова прашање под тепих, иако можеа да го решат. Има само едно решение, а тоа е Македонија да биде една изборна единица, смета Савески.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска