(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Од:

На четвртата седница на Советот на Општина Куманово, мнозинството составено од ЗНАМ, ДПМНЕ, ДПСМ и ВЛЕН изгласаа промена на ДУП со кој ќе се овозможи паркот „Ловечки дом“ да биде отуѓен и продаден на приватни лица. Станува збор за една од ретките зелени површини во градското подрачје, која со новата одлука може да ја изгуби својата намена и јавен карактер. Советникот од Левица, Виторио Зафировски, кој се спротивстави на оваа точка потсети на историскиот контекст и значењето на парцелата за Куманово. Како што истакна, нејзиното настанување влече корени уште од времето на Кралството Југославија кога кумановскиот чорбаџија Трајко Лопарски, во чија сопственост била парцелата, ја посадил со шума и ја подарил на градот како јавно добро, велат од Левица.

„Таа парцела успеала да опстане цел еден век и сега од нас се очекува со една одлука да се поништи сто години постоење на такво белодробно крило во Куманово“, рече Зафировски.

Тој нагласи дека иако постапката формално е законска, тоа не значи дека е и правилна, додавајќи дека „моралната тежина за изгласување на ваква одлука лежи на нивни грб“ и нагласи дека тој како советник од Левица нема да гласа за ваква одлука.

„Со оваа одлука, ако помине, се поништуваат сто години развој на таа парцела во шума. И ве молам сфатете ја тежината за што би гласале. Не смее таа парцела да премине во приватни раце. Моментот кога таа парцела ќе помине во приватни раце престанува да постои како Ловечки парк“, предупреди Зафировски апелирајќи точката да биде тргната од дневен ред.

Од Левица предупредуваат дека станува збор за одлука која не е од јавен туку од приватен интерес и потсетуваат дека советниците се изгласани да го застапуваат јавниот, а не приватните интереси. Исто така упатија прашање до советниците од ЗНАМ, ДПМНЕ, ДПСМ и ВЛЕН зошто оваа бетонизација не била дел од нивните предизборни програми. „Очигледно е дека намерата била овој ДУП да помине веднаш после избори“.

Левица го осуди изгласувањето на измените како „акт на агресија на локалната власт кон своето население“ и побара итно запирање на сите процеси за отуѓување на оваа парцела.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Левица е за укинување на пржинската влада, но инсистира на една изборна единица и се фер рекламирање

Левица: Љутков со „упатство“ поништува судски пресуди за плати во културата

Горан Наумовски

Левица: Комисии за боледување наместо лекување – административна тортура врз повредените во „Пулс“