(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ни го одби амандманот за проширување или зголемување на додатокот за туѓа нега

Од:

Пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп ИСМАИЛ – Хактан, го образложи амандманот со кој пратениците од Левица побараа да се зголеми ставката за социјални надоместоци во Министерството за социјална политика, со цел да се зголеми или прошири опфатот на додатокот за туѓа нега и помош и конечно да бидат опфатени и лицата со полесни, но реални попречености.

Овој додаток во моментов го добиваат само најтешките случаи, додека илјадници граѓани кои секојдневно се соочуваат со ограничувања, потреби и зависност од грижа – остануваат невидливи за државата, велат од Левица.

– Левица предложи решение кое не бара огромни пари, туку политичка волја и елементарна човечност. Со овој амандман можеше да се зголеми износот, или барем да се прошири категоризацијата, за повеќе наши сограѓани да добијат поддршка која треба да им припаѓа. Но, владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ повторно избра да ги игнорира најранливите, одбивајќи го амандманот без образложение, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он