(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Од:

До нас стигнаа информации и поплаки од загрижени родители кои се пожалија дека биле уценети од директорот на училиштето, Александар Филипчев, дека доколку сакаат да се откажат од храната на фирмата – трујач, „Стара Ванила“, ќе требало да си ги префрлат децата од целодневна во класична настава”, истакна на прес – конференција советникот на Левица, Горан Костовски, во врска со масовното труење на децата во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

Исто така, родители се жалат дека училиштето не дозволува родителски средби, за да се разговара за случајот, иако родителите бараат.

– Родители од Одборот се пожалија дека директорот настапил на состанокот како заштитник на газдата на фирмата која ги отру децата, наместо да застане на страната на затруените деца. Многу родители се жалат дека пржените лепчиња децата наутро не ги јаделе, жалејќи се дека им мирисаат непријатно, а за ручек им се давало по вкупно шест макарони во чинија, така што децата останувале гладни – образложи Костовски.

Левица бара од градоначалникот на Општина Аеродрoм, Дејан Митески, да си достои на зборот, за разлика од неговиот претходник и итно да се раскине договорот со фирмата – трујач.

– Сакаме јавноста да знае дека в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, се заложи на Совет и вети пред цела јавност дека доколку се утврди дека труењето на 150-те деца е случено поради фирмата, како и што се утврди според извештаите на АХВ и ИЈЗ, тој лично ќе побара да се откаже договорот со таа фирма и ќе се бара нов добавувач на храна за училиштето. Бараме истрага – зошто директорот на школото ја штити фирмата, наместо 150-те затруени деца? Дали е во прашање коруптивна зделка на директорот со фирмата? – појасни советникот од Левица, Костовски.

Би можело да ве интересира

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата