(ВИДЕО) Левица: Апасиев нападнат во Благоевград

Од:

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, Димитар Апасиев беше физички нападнат од бугарски уфрлен шовинист, известуваат од Левица.

„Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!“, се вели во соопштението од Левица.

„Од видеото кое го добивме после физичкиот напад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат „Македонија”.

На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое срамно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.

Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фашистичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови!“, се додава во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Апасиев: Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите

Горан Наумовски

O2 Иницијатива: Фабриката „Усје“, најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Апасиев и Крмов поднесоа кривична пријава против Талат Џафери

(ВИДЕО) Апасиев со чевел им ставаше печат на амандманите: „Ова е по сите шверцерски стандарди на ДУИ“

Орце Костов