Лекарите од скопските клиники но и од другите болници во земјата се собраа на протест пред Владата.
Тие побараа од премиерот Груевски да го разреши министерот за здравство Никола Тодоров и дека немаат намера со него да преговараат.
Тие претходно истакнаа дека штрајкот ќе биде отворен и за сите граѓани кои сакаат да им се придружат и да дадат подршка за штрајкот.
По речиси еден месец штрајкување на лекарите конечно се огласи и лекарската комора. Оттаму велат дека дијалогот, а не санкциите е единствениот модел за решавање на преговорите.