(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

Од:

„Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии од куќа сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, „судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце“.

„Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб. Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДС, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом. Ова се судиите на СДС, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има“ порача Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ