(ВИДЕО) Лефков: Се подготвува нов пишан документ со Бугарија кој ќе содржи нови обврски за Македонија

Од:

„Распродажбата на националните и државните интереси не престанува. СДСМ продолжува со концесиите кои ги дава на Бугарија. Откако Заев потпиша штетен договор со Бугарија во 2017-та година, откако Ковачевски потпиша понижувачки Протокол во 2022 година, сега од Бугарија доаѓаат најави за нов пишан документ кој се подготвува на сметка на Македонија“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, министерот за надворешни работи во службената влада на Бугарија, Николај Милков најави дека ќе има нов писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различните институции во односите со Македонија. Ова значи дека написмено ќе се уредат сите тие како што ќе кажат “обврски“ за Македонија и тие обврски ќе се однесуваат за македонските институции.

Ете до каде не дотера измеќарскиот менталитет на Ковачевски и СДСМ. Ова е погазување на суверенитетот на Македонија. Немањето на стратегија на владата на СДСМ и Ковачевски остава простор Бугарија да диктира како што ќе кажат “систематски пристап“ , со цитирам “ јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“.

Она на кое што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ и на кое предупредуваа експертите во Македонија, за жал сето ова станува реалност. Кусогледоста и измеќарлукот на Заев, а сега и на Пендаровски и Ковачевски доведоа до тоа Македонија да добива нови и нови уцени, нови барања и задачи. Затоа кажавме дека прифаќањето на “Предлог“ кои огромното мнозинство на граѓаните не го прифаќаа, води или до бесконечни преговори или до асимилација по бугарски диктат. Бугарија јасно порача дека во преговарачката рамка за Македонија историјата е составен дел, сиротата министерка за култура веќе најавува цензура на културното творештво, а со новиот пишан документ ќе се предвидат и нови обврски за Македонија.

Сега после еден месец од историскиот успех кој што го најави Ковачевски се случува нов дебакл и нов пишан документ со задачи. Овој документ ќе биде основата на која Бугарија ќе го оценува напредокот по нивни терк и според кој ќе одобрува или не продолжување на преговорите. Каде се сега Османи, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски да кажат што содржи овој пишан документ кој го најавува бугарската дипломатија? Пак ли ќе се кријат и ја доведуваат Mакедонија пред свршен чин.

За да престанат предавствата и газењето на македонските национални и државни интереси мора да се случат избори, мора да се случи референдум на кој народот јасно ќе каже дали е за или против ваквата измеќарска и понижувачка политика на Ковачевски и СДСМ“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси