(ВИДЕО) ЛДП Битола: ВМРО-ДПМНЕ и Талески треба да разберат дека Битола не е нивни пашалак

Од:

„Градоначалникот Талески вети дека секоја година за спортот во Битола ќе дава по 1.000.000 евра, но наместо тоа  спортските клубови се пред пропаѓање и сега Талески бега од нив како ѓаволот од темјанот. Тој бара начин да се ослободи од нив по секоја цена.

Фудбалскиот клуб Пелистер за кој Талески и ВМРО – ДПМНЕ ветија дека ќе биде прв во Македонија и дека ќе игра во Лигата на шампионите сега сакаат да го продадат во четири очи под сомнителни околности.

Ова е договорот со кој Фудбалскиот клуб Пелистер му се продава на некој Гавриил Папанастасатос, човек со патриотско име и презиме. Овој договор за ЛДП е несериозен и аматерски и сметаме дека тој на ФК Пелистер нема да му донесе светла иднина.

ВМРО – ДПМНЕ и Талески треба да разберат дека Битола не е нивни пашалак ниту нивна приватна своина, па да прават што сакаат.

Господине Талески на битолчани имате обврска да им одговорите каде се 1.000.000 евра што ги ветивте за спортот во Битола, зошто наместо на правни лица како што беше првично замислено ФК Пелистер го продавате на физичко лице и зошто наместо со јавно наддавање ФК Пелистер го продавате во четири очи“, изјави потпретседателот на огранокот на ЛДП во Битола, Александар Касапов.

Би можело да ве интересира

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!