(ВИДЕО) Лазов: Нема вакцини, ама има нов скандал, Филипче ја продава стерилизацијата на фирма што само тој ја знае

Од:

„Додека во сите земји целиот здравствен систем е насочен на превенирање и лечење на граѓаните со корона вирус, а паралелно се одвива процесот на вакцинација, Филипче продолжува само со лаги. Секако, и во реализација на неговиот приотет, а тоа се неговите лични интереси и интереси на Заев и неговата екипа.

Така, додека во сите земји стигнува веќе третата тура од вакцини, додека граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас на големо има распродажба на области од здравството“, рече д-р Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2019 година Филипче стартуваше со физибилити студии за еден вид на приватизација на лабораториите, Итната медицинска помош, стерилизацијата и слично, а веќе избрале фирма која треба да направи физибилити студија за приватизација на ренгенот.

И сега решил да ја приватизира стерилизацијата. Подготовката стратувала крај на 2019 година, а со истата Заев и Филипче се занимавале во текот на цела 2020 година во ек на пандемија со корона.

Процедурата е стигната до таму што на клиниките во рамки на кампусот Мајка Тереза им е доставен договорот што треба да го потпишат со фирмата која ќе ги нуди услугите.

Или клиниките се ставени пред свршен чин – еве ви го договорот потпишете. А цените во договорот што владата, преку министерство за здравство го потпишала со фирмата, со која само тие знаат како ја избрале, се четири пати повисоки. Или еден сет чија стерилизација со новиот договор чини нешто повеќе од 16 илјади денара, претходно чинел околу четири илјади денари.

Наместо грижа за лекови против корона и набавка на вакцини тие се занимаваат со продажба на јавното здравство.

Недозволиво е во период на корона пандемија, кога бројката на заболени во земјава се движи кон 100 илјади, а на починати се движи кон 2.800, министерот да се занимава со распродажба на здравството. Сега приоритет број еден е вакцинација, а Филипче не успеа да најде ниту една вакцина. Лошиот менаџмент на корона кризата, немањето вакцини чини човечки животи. За тоа одговрорност мора да има!“, изјави д-р Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик