(ВИДЕО) Лазарова: Три илјади денари месечен додаток за млади вработени во производство

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го усвои Законот за младински додаток кој поттикнува вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование.

Законот обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години кои се вработени во производните дејности, се самовработени, вработени се преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.

Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес“, рече Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ.

„На овој начин истовремено им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

СДСМ преку конкретни мерки наменети за младите создава подобри услови за унапредување на стандардот и можности младите својата иднина да ја градат во Република Северна Македонија.

Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите.

Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што значат вистинска грижа за младите“, изјави Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он