(ВИДЕО) Лазаров: Не го дослушнав Латас што сакаше да каже, се извинувам што дозволив тоа да се емитува

Од:

По отстранувањето на видеото со Латас, Стефан Лазаров се јави со ново видео во кое се извинува и смета дека хајката е организирана за да биде уништен.

-Латас е човек кој многу го почитувам и има добра интересна животна приказна и затоа се одлучив да биде прв гостин. Концептот е да се зборува за табу теми и за работи кои на телевизија не можеме да ги чуеме. Се слагам со вас во право сте, и затоа сакам да се извинам за тоа што го слушнавте, а јас како домаќин дозволив тоа да се емитува. Дали станува збор за силување или не тоа ќе го оставам на вас, но сакам да се извинам зашто се добива слика дека кај мене се промовираат такви работи.

Тој вели дека било жално е што се гледа дека има сериозна позадина и станува збор за оркестрирана хајка. Од мое смеење од десет секунди од анегдота кажана да ме правите силувач е бедно. Во оваа ситуација се гледа и сакам да ве замолам да размислите како е возможно вторник да е објавено видеото, и да се чека недела , позадината на ова кој го објави и кои институции се вклучија. Жално е како функционира оваа држава и се вадат од контекст работи. Во рок од еден ден ситуацијата отиде на вести и отиде до јавно обвинителство.

– Видеото го тргнав зашто сметам дека таква содржина не смее да има на мојот канал, многу од вас ми пишаа тргни го така ќе покажеш дека имаш морални вредности. Вчера беше поентата да се уништи Стефан за да се затскријат други работи. Јасно ми е дека многу луѓе сакаат да ми наштетат, јас сум млад многу неискусен за вакви работи. Во моментот со Латас јас не дослушнав што сакаше да каже, се насмевнав едноставно..
Вчера беа споделувани слики од моите спонзори кои вие кажавте дека подржуваат ваква содржина. Јас се соочувам прв пат со овие работи, но реалноста е поинаква-згрешив, а не дека подржав силување на жена. Јас сакам да се извинам на моите гледачи, бидејќи правам содржина која не е за сечиј вкус, правам содржина која во Македонија ја нема. Поткаст на јутјуб го правиме да изгледа поинаку од телевизиски програм, правиме нешто што ќе излезе од границите на нормалата и јас сум згрешил зашто сум се насмеал. И потоа следува политичка хајка да дојде до ситуација да ме прави некој силувач вели Лазаров во видеото.

Соопшти дека веќе нема спонзори.

– Јас повеќе спонзори немам во моментов, и тие се во сериозен притисок, вчера им ѕвонеле во никое време да ме тргнат. Ги разбирам, во лоша ситуација се, им се извинувам и нив. Стефан Лазаров нема да го уништите, како што си дадов отказ од телевизија, така ќе продолжам и сега. Ќе се борам за сите што веруваат за мене и да го истуркам ова до крај. Ако сакате да ја дискутирате оваа тема да ја погледнете и мојата страна, да ги погледнете видеата, на колку луѓе им помогнал Стефан, во колку иницијативи бил за борба на жени но и на мажи. Стефан Лазаров нема да го уништите, продолжува многу појако од сега најави Лазаров.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски