(ВИДЕО) Лазаревски: Градскиот парк е во очајна состојба поради негрижата на Коце Трајановски

Од:

„По осум години игнорирање на Градскиот парк, на Коце Трајановски лицемерно, пред избори, му текна да ветува негова реконструкција за повеќе од 2 милиони евра.

Коце Трајановски имаше осум години да го уреди паркот, да постави ново зеленило и хидрантска мрежа, да ги исчисти каналите и езерцата, да ги обвнови патеките и да посади 5000 нови дрва колку што сега лицемерно ветува. На Трајановски не му беа битни паркот и зеленилото, тој се грижеше само за исполнување на криминалните желби на неговиот шеф Никола Груевски.

Ако прошетате низ градскиот парк, ќе видите дека хигиената е катастрофална. Во реките и езерцата пливаат пластични шишиња и друго ѓубре, а многу од кантите за отпадоци се искршени или дислоцирани. Во одредени делови од паркот треба да се прогласи еколошка катастрофа и да се забрани пристап поради здравствени причини.

Коце Трајановски е најодговорен за катастрофалната состојба во градскиот парк, затоа што негов приоритет беа барокните фасади и другите нарачки на неговиот шеф Никола Груевски.

По 15 октомври, ви ветуваме целосна грижа за градскиот парк, што е и обврска на градот Скопје.

Прво ќе изградиме јавни тоалети во паркот, бидејќи Скопје е единствен град во Европа без јавни тоалети.

Ќе водиме постојана грижа за зелените површини, хортикултурното уредување, водните канали и езерца, за осветлувањето и ќе се грижиме за одржувањето на хигиената во паркот. Ќе поставиме и паметни клупи што ќе емитуваат бесплатен интернет при секое седнување на граѓаните и на нив граѓаните ќе можат да ги наполнат своите мобилни телефони.

Ќе го зазелениме и хуманизираме просторот за да им го вратиме градскиот парк на граѓаните.

Градскиот парк повеќе нема да биде симбол на запуштеност, туку симбол на зелено Скопје кое поврзува“, изјави Васко Лазаревски, кандидат за член на Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ