Драган Павловиќ Латас, главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, водејќи ги вестите во во 16 часот, го покани лидерот на СДСМ Зоран Заев да биде гостин во Дневниот на Сител во 19 часот.
Од него само побара со себе да го донесе досието за прислушувањето на Латас, и да потпише изјава дека го предава целото досие и дека само Заев го има преслушувано.
СДСМ се јави со рекација:
Груевски и Мијалков не му верувале и не му веруваат на Латас.
Зошто ја нема нивната доверба, тоа е прашање што Латас треба да го постави до тие што не му веруваат и да ги покани во студиото на ТВ Сител да му објаснат, велат од СДСМ на прозивките на новинарот во денешните вести на Сител.