Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

Од:

Основен кривичен суд Скопје донесе решение. Се уважува барањето на Обвинителство и на Латас и Лазаров им се одредуваат превентивни мерки – Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

„Заради интерес на медиумите поврзн со обвинителниот предлог на Основнот јавно обвинителство против две лица за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст.1 вв со чл. 22 од КЗ, ја информираме јавноста дека:

По добивање на обвинителниот предлог, оформен е предмет со К.бр 457/23 кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни кој постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против двете лица донесе решение со кое ПРЕДЛОГОТ НА ОЈО СКОПЈЕ СЕ УВАЖУВА, и на обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, на обвинетиот С.Л. исто така му се определива мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот до Апелациониот суд Скопје.“ се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Судот стави крај на случајот „Тотал“ – обвинението против Латас е одбиено

(ФОТО) Откопан гробот на Зоки Фаци

А1он

(ВИДЕО) Тамара Тодевска и Стефан Лазаров со песна за сите блиски кои повеќе не се со нас

А1он

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски