ВИДЕО: „Лајка“ извлече четири кучиња заробени во напуштен автомобил

Од:

Четири вознемирени кучиња во скопската населба Аеродром вечерва беа извлечени од хаварисан автомобил во кој биле затворени. Јавното претпријатие за згрижување бездомни кучиња „Лајка“  објави видео од извлекувањето на кучињата.

„По многубројни пријави од загрижени граѓани, за кучиња кои со месеци константно се затвараат во возило во населбата Аеродром, вечерва на иницијатива на ЈП Лајка е постапено во соработка со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и полициска асистенција. Кучињата ќе бидат згрижени во нашето прифатилиште, а по укажаната ветеринарна грижа максимално ќе се ангажираме да им најдеме соодветен дом“, велат од Лајка и додаваат дека за овој проблем со месеци се барало решение, но не бил најден компромис со сопственикот на возилото.

Кучињата беа оставени во автомобил со скопски регистерски таблички.

Според неофицијални информации, станува збор за четири улични кучиња, а сопственичката на возилото секоја вечер ги затворала внатре, за да бидат на топло и на безбедно, а изутрина повторно ги пуштала. Сето ова почнало да се случува откако едно улично куче за кое се грижела жената било заклано. Сепак, лаежот на кучињата од автомобилот навечер ги вознемирувал соседите, кои често пријавувале во надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Кирков: Шилегов го одобрува мобингот на Тина Петрушевска во ЈП Лајка

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Спасено куче кое било фрлено во скопска шахта, се заплеткало и ги изгризало каблите за струја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кучето кое битолчанец го застрела со пушка остана живо

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Битолчанец монструозно уби куче, тврди дека ја нападнало неговата сопруга

Искра Манојлоска

Во Ѓорче Петров отворен парк за миленици

Жарко Настоски

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот

Катерина Павлова-Николовска