ВИДЕО: Квалитетна вода за пиење добија жителите и хотелските комплекси во Банско

Од:

Жителите на населеното место Банско и хотелските комплекси од денеска имаат чиста и квалитетна вода за пиење.

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев го означи почетокот на функционирањето на новата бетонска таложница со монтираната хидромеханичка опрема на реката Воденичница и нејзино поврзување со постоечкиот цевовод спрема филтрите.

Досегашната таложница немаше доволен капацитет за да ги задоволи потребите од квалитетни количини вода и затоа беше неопходно да се изгради нова таложница која ќе има доволен капацитет да врши квалитетно таложење на водата од реката.

bansko_taloznik6

– Ова е многу значаен и драгоцен проект за жителите на село Банско, едно од поголемите населени места во нашата општина Струмица. Со овој зафат имаме заокружен процес на водоснабдување со квалитетна, бистра и здрава вода за пиење. Вредноста на оваа инвестиција на која сега стоиме е 3.731.768 денари, се работи за зафатнина на таложницата од 120 метри кубни со проток на вода од 25 литри во секунда.

– Со изградбата на оваа таложница ќе доаѓа почиста вода на самите филтри, ќе се овозможи поквалитетно филтрирање и ќе се обезбеди повеќе количини на вода заради намалената потрошувачка на чиста вода за перење на филтрите.

bansko_taloznik1

– Досега при поројни дождови и голема потрошувачка на вода во Банско секогаш имаше проблеми, како со квалитетот на водата, така и со количините на вода. Со изградбата на оваа таложница и со целокупниот зафат на реката Воденичница, очекуваме дека за подолг период е решен проблемот со водоснабдувањето во селото Банско, рече градоначалникот Заев.

Во ова населено место има околу 500 домаќинства со над две илјади жители.

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух