(ВИДЕО) Кузмановска до Заев: Кажете дали ерга омнес прифаќате за сите предлози за името

Од:

Дали прифаќање на ерга омнес важи за сите предлози кои се на маса во преговорите за името, го праша премиерот Заев пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска на денешната седница за пратенички прашања. Таа побара одговор и зошто беше одбиен предлогот Илинденска Македонија, ако претходно беше потенцирано дека двајцата премиери постигнале договор за овој предлог.

-Зошто беше одбиен предлогот од грчка страна и дали тврдењето од Грција дека Македонија прифатила ерга омнес за кој било друг предлог прифатлив за двете страни е точно? Различни министри различно кажуват. И клучното, дали ако веќе го направите ова, имаме гаранција дека ќе добиеме датум за преговори?, праша Кузмановска.

Премиерот Заев не одговори во однос на прашањето за севкупна употреба на кој било друг предлог или тоа важеше само за Република Илинденска Македонија, како што претходно беше потенцирано. Во однос, пак, на прелогот Илинденска, Заев рече дека веќе не е во игра откако беше отфрлен од Грција.

-Убеден сум дека сме на пат кон можно решение. Шансите се огромни да добиеме датум со решение на спорот штo трае 25 години. До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение, рече Заев на прашањето за гаранции за добивање датум за преговори со ЕУ ако се реши спорот со името.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски