(ВИДЕО) Кузеска: Земјата е вклучена во финансиска рамка на ЕУ со три милијарди евра поддршка за наредните седум години

Од:

„Успешните политики на Владата предводена од СДСМ во изминатите три години и вистинскиот, правиот пат по кои ги води граѓаните и државата се потврдуваат во континуитет.

Уште една голема потврда за тоа е победата на изборите на концептот што води напред и кон полноправно членство на ЕУ, концептот предводен од Зоран Заев кој за само 2.5 години го откочи интегративниот процес.

Европската перспектива на државата и европските вредности како водечки приоритети се препознаени, а признание за тоа е и вклучувањето на земјава во седумгодишната финансиска рамка на Европскиот совет, насловена „Нова генерација ЕУ“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Тоа за нас како држава, значи достапни неповратни средства од околу три милијарди евра за овој седумгодишен период, како средства за третата генерација на претпристапна помош ИПА 3.

Овие средства Република Северна Македонија ги добива како поддршка во грантови и проекти и значајно ќе го забрзаат економскиот развој и реформскиот капацитет.

Тоа значи средства и проекти во областа на транспортот и инфраструктурата, во земјоделието и животната средина, во економскиот развој, во правдата и реформите за владеење на правото и други клучни области кои заеднички се идентификувани со европските партнери.
Проекти коишто ќе ги реализира новата Влада предводна од СДСМ во следниот мандат.

Овие средства се клучна алатка за поддршка на преговорите на нашата држава во наредниот седумгодишен период, после кој очекуваме во европскиот буџет да бидеме проектирани веќе како држава членка на Европската Унија.

Заедно со веќе доделената помош за справување со кризата од КОВИД-19, ова е значаен сигнал за нас како држава која ги започнува преговорите со ЕУ.

Само проевропска и реформска Влада предводена од СДСМ може, знае и умее со максимален капацитет да ги искористи овие можности и да го скрати патот на Северна Македонија до членство во ЕУ.

Тоа го покажавме со членството во НАТО, а ќе го постигнеме и со ЕУ. СДСМ останува на страната на интересите на граѓаните и државата“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ