(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски сака да ја партизира полицијата и да ја уништи кариерата и професионалноста

Од:

Денеска сме тука да предупредиме за опасниот и штетен обид на Панче Тошковски и Владата да ја партизираат и уништат полицијата како професионална служба. Со предложените измени на Законот за полиција, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора вратите за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Да биде јасно. Со измените на член 2, Тошковски предвидува за највисоките позиции да се поставуваат луѓе со несоодветно образование и без искуство на раководна позиција. Со тоа се деградира полицијата и наместо професионалци се носат советници со нејасно дефинирани улоги и заслуги. Со член 4, се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР. Ова значи дека началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит, односно било кој што ќе го избере Тошковски.

Со член 6, Тошковски ги укинува Регионалните центри за гранични работи и ги припојува кон СВР, спротивно на европските стандарди за контрола на границите. Уште еден чекор спротивно на препораките на ЕУ за безбедност. Со член 12, се овозможува податоците во евиденциите да се бришат по 60 години, а не трајно, што отвора простор за манипулации и бришење траги за злоупотреби на нивните луѓе. Ова е смислена измена за да се амнетстираат оние кои Тошковкси ќе реши дека не треба да одговараат.

Со член 15, се подига возраста за вработување на 30 години, со што им отвораат простор за вработување на партиски кадри, а не млади професионалци. Уште еден удар врз младите и дополнителна можност за партизација. И за крај најскандалозно: со бришењето на член 19, се отвора можност луѓе кои се осудени и со забрани за работа да останат во полицијата и да бидат амнестирани од одговорност. Ова е смислен и опасен план на ВМРО-ДПМНЕ да го уништи кариерниот систем, да ја претвори полицијата во партиска милиција и да обезбеди амнестија за нивниот криминал.

СДСМ бара овие измени веднаш да се повлечат. Бараме институциите да останат во служба на граѓаните, а не на партијата. Полицијата мора да остане професионална, со јасни критериуми, со знаење и искуство, а не со партиска книшка. СДСМ нема да дозволи уништување на полицијата и легализација на беззаконието, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Тошковски: За брзини до 100 км на час ќе има толеранција од 6 километри

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Лажни вести, манипулации, извртување на вистината, политички прогон, напад на новинари, се е тоа исто, копи-пејст